Музејот Белведере во Виена и Густав Климт

Виена е убава и во секој период од годината во неа има што да се види. Но, да бидете во Виена и да не ги видите сликите на славниот сликар симболист, Густав Климт изложени во музејот “Белведере“ е исто како и да не сте биле.
Творештвото на славниот сликар симболист, основачот на виенската сесија се поврзува со златното доба на австриската престолнина, време на уметничкиот бунт и раѓањето на модернизмот. Инспирацијата за своите врвни дела ја пронаѓал во својата мистериозна муза , Емили Флоге, која веројатно е овековечена и на неговата прочуена слика “Бакнеж“. Таа, веројатно, е една од најрепродуцираните и најскапи слики на светот. Инспирирана од византиските мозаици, кои Климт ги проучувал во Равена во Италија, оваа слика, збогатена со златни лисја во кои се втопуваат  облеката и контурите на љубовниот пар, плени со својата нежност. Посебна ја прави хармоничната уметничка прегратка на Истокот и Западот, како и страсната златна боја, кои, штом го погледнете платното ви ги обзема сите сетила.
За да се создаде врвно уметничко дело потребно е многу труд, посветеност и генијалност. Но, кога еднаш ќе се создаде, пружа неповторливо доживување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.