Пржени лепчиња со кисела вода

Направете вкусен појадок или вечера, рецептот кој не излегува од мода.
СОСТОЈКИ:
неколку парчиња леб
2 јајца
100 мл. кисела вода
3 лажици брашно
сол и масло


ПОДГОТОВКА:
Се сече лебот на кришки, се двојат белките од жолчките.
Се матат белките во снег, а жолчките со кисела вода, сол и брашно.
Се додаваат постепено и белките.
Се загрева тава со масло и се потопуваат кришките во смесата, па се пржат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.