На 09.08.2024 година во 17,40 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во село Студеничани,скопско, приведено е лицето М.А.(41) од Скопје. Лицето се барало со Централна потерница а по Наредба од Основен кривичен суд-Скопје од 15.03.2024 година за приведување поради сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик на РСМ – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и истиот е осуден на казна затвор во траење од седум години и шест месеци, при што за доиздржување има уште една година, шест месеци и 20 дена.
Лицето е предадено во ПС ОН Драчево за понатамошна постапка. Денеска (10.08.2024 година) од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен Д.Д.(39) од Скопје. Лицето се барало со Централна потерница а по Наредба од Основен кривичен суд-Скопје од 26.06.2024 за Бегство од Казнено поправна установа Идризово, каде издржувал казна за сторено кривично дело по член 247 став 3 од Кривичниот законик на РСМ – “измама”, осуден на казна затвор во траење од пет години и девет месеци.
Лицето е предадено во ПС Аеродром за понатамошна постапка.