Синоќа во 22.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар на ул. „Илинденска“ во Гостивар од слобода се лишени Д.Н.(29) од Гостивар, А.Ш.(31) од с.Лакавица и А.Б. (32) од с.Здуње.
Како што соопшти МВР, кај Д.Н. и кај А.Ш. биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, а кај А.Б. е пронајдена и одземена поголема сума на пари во различни валути.
Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.