Како што информира МВР, веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, по што тој е пронајден и лишен од слобода.
При преземањето на активности, полициски службеник испукал два пати во воздух. Од страна на вработена во маркетот извршено е препознавање на сторителот при што оштетената посочила дека Б.К. е сторителот.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство