На 8-ми јуни британската принцеза Кејт ќе учествува на воената парада по повод роденденот на монархот и тоа ќе биде нејзин прв официјален ангажман по операцијата на абдоменот во средината на јануари, соопшти во вторникот Министерството за одбрана.
Кенсингтонскиот дворец сѐ уште не ја потврди веста.
Принцезата Кејт последен пат се појави во јавноста на католички Божик, а во средината на јануари беше хоспитализирана во клиника во Лондон поради „закажана операција на абдоменот“. Кралското семејство притоа се воздржа да ја наведе причината за операцијата.
Сопругата на принцот Вилијам ќе спроведе преглед на стотици гардисти во став мирно кои ќе саутираат во јуни. Принцезата Кејт има чин полковник во Ирската гарда. По операцијата, таа првпат беше видена во јавноста во понеделникот.
Од 1748 година, роденденот на британскиот суверен се одбележува со парада наречена Trooping the Color. Оваа церемонија секогаш се организира во втората сабота во јуни, без оглед на датумот на раѓање на монархот.
Роденденот на кралот Чарлс Трети, инаку, е во ноември. Кралот Чарлс III., меѓутоа, се опоравува од операцијата и моментално се наоѓа на лекување од рак, но ќе ги построи војниците следниот викенд, на 15-ти јуни.
Многу популарна и сакана од британската јавност, 42-годишната Кетрин Мидлтон закрепнувањето го минува во својот дом во Виндзор, западно од Лондон. Таму живее со нејзиниот сопруг Вилијам и трите деца, Џорџ, Шарлот и Луис, од 2022 година.