Како што ви е добро познато, туната, скушата, харингата и сардината се исклучително здрави бидејќи се богати со омега-3 масни киселини, протеини, железо и други хранливи материи. За денешното мени ви предлагаме кнедли од туна и моцарела кои се совршен избор доколку немате време за готвење.
Потребни состојки:
300 грама конзервирана туна
200 грама крем сирење
200 грама рендана моцарела
1 јајце
3 лажици лебни трошки + лебни трошки за пржење на топчињата
сол, бибер, магдонос и копар
Начин на подготовка:
Изматете го јајцето и додадете ги крем сирењето и ренданата моцарела. Во смесата додадете ја добро исцедената туна и зачинете.
Додадете ги лебните трошки, убаво измешајте ги состојките и формирајте топчиња со големина на орев. Пржете ги топчињата додека не поруменат од сите страни.
Ставете ги на хартија за да се впие вишокот маснотии и послужете ги со вашиот омилен сос или салата. На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.