Маж, која барал да остане анонимен, признал дека провалил во погребалното претпријатие „Батерфлај“ во Рочестер, Кент, град во Англија и го украл телото на својата покојна тешта.
Тој истакнал дека се одлучил на тој чекор откако сопственикот на ова претпријатие не му се јавувал и не одговарал на телефонските повици неколку дека пред погребот.
That faint sound you hear is every mid-20th century comedian struggling to come back from the afterlife so they can incorporate this material into their acts:https://t.co/37HIMHPVKY
— Daniel Sugarman (@Daniel_Sugarman) August 30, 2018
Тој се испаничил што не можел да стапи во контакт со погребалното, па одлучил работата да ја земе во свои раце.
Интересно е што одлучил на својата сопруга, ќерка на починатата жена ништо да не и каже за овој настан.
„Немав друга опција. Поминав два дена во полициска станица обидувајќи се да го исконтактирам сопственикот на погребалното претпријатие, но никако не успевав во тоа. На крајот морав да го извлечам, телото на мојата тешта, не сакав сопругата да се оптеретува со тоа“, рече тој.
Мажот, кој прилично се испаничил поради овој настан, ги замолил минувачите да „стражарат“ и да ги набљудуваат другите луѓе додека тој го обивал погребалното во надеж дека ќе го пронајде телото на тештата.
Кога ја нашол покојничката, ја ставил во количка на две тркала и тоа среде бел ден, а потоа го преместил во комбе кое било ангажирано за неговиот план – и тоа се пред да се врати назад во својот дом за да ги земе алиштата што неговата сопруга ги одбрала за погребот на мајката, за да може да ја облече.
Потоа телото го однел во друго погребално претпријатие во Рочестер, кое ги потврди овие наводи.
Луѓето кои живеат во близина на погребалното претпријатие рекоа дека слушнале за „хорор приказната“.
Работник во локалот покрај погребалното претпријатие рече: „Знам за момчето кое го зело телото на својата тешта, навистина се случи тоа, но не смееме да зборуваме за тоа“.
Една жена признала дека имала улога на стражар и им го одвлекувала вниманието на луѓето, додека мажот телото го возел во друга улица.