Пролетни солени палачинки

Потребни состојки:
1 авокадо
340 г шери домати
100 г спанаќ
3 парчиња млад кромид
1 лимета
Маслиново масло
1 јајце
125 г брашно
1 и пол ќесичка прашок за печиво
Малку сол
230 мл млеко
250 г моцарела
Додатоци по желба
Начин на подготовка:
Исечкајте го авокадото. Измијте го доматот и исечкајте го на ситни парчиња, ставете го во чинија со авокадото и потоа додајте четвртина од спанаќот. Исечкајте и додајте го младиот кромид и прелијте ги сите состојки со сок од една лимета.
Потоа додајте лажица маслиново масло, зачинете со сол и бибер, промешајте и оставете на страна.
Изматете го јајцето во блендер, додајте брашно, млеко, преостанатиот спанаќ и прстофат сол и бибер, а потоа блендирајте додека да добиете соединета смеса. На средна температура ставете голема тава, премачкајте ја со маслиново масло, а потоа додајте од тестото. Печете 2 минути или додека да добие златеста боја, а потоа префрлете ја палачинката во чинија. Повторете ја постапката со остатокот од тестото.
Послужете со сирење, домат, авокадо, павлака, сос по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.