Колку подолго стои оваа вода, толку е поароматична и може да се користи за пиење два дена
Зад нас се празничните денови кои беа исполнети со силна и калорична храна, па дури и ако не сте склони често да правите грешки во исхраната, детоксикацијата, односно чистењето на организмот секако ќе ви се најде.
Детоксикацијата е процес на отстранување на штетните материи што се депонираат во организмот со текот на времето. Сè што внесуваме во нашето тело поминува низ црниот дроб, каде се раствораат штетните материи.
Со отстранување и елиминирање на токсините од телото, со здравите хранливи материи, детоксикацијата може да ви помогне да се одбраните од болести и да ја вратите способноста на организмот да го одржува оптималното здравје.
Само 6 до 8 чаши детокс вода секој ден може да ви помогне да останете хидрирани и да ги одржувате виталните органи во нивната најдобра можна состојба. Водата го поддржува варењето и подобрата функција на дебелото црево, спречува запек и со тоа проблемот со надуеност е помал.
Состојки:
2 лимони
1 краставица
Свежи лостови нане
Едно помало парче излупен ѓумбир
2 литри вода
Подготовка:
Измијте го и исечете го лимонот во кругови, како и краставицата и ставете ги во стаклен бокал. Излупениот ѓумбир ситно исецкајте го и додадете го во бокалот, а потоа додадете го свежото нане и додадете ја водата. Оставете го бокалот во фрижидер најмалку четири часа, а најдобро е да го оставите преку ноќ.
Пијте во текот на денот колку што сакате.