Пронајдете ја својата силуета и откријте важни факти и совети

Конвенционално, женската фигура може да подели на 4 типа. Секако, оваа класификација не може да се нарече идеална и непогрешна, затоа што работата на нашиот организам зависи од многу фактори. Но, овие 4 силуети се сметаат за најраспространети – нивните карактеристики се застапени кај повеќето жени.
Одберете еден од 4 типа фигури кој е најсличен на вашиот и дознајте повеќе за тоа што кажува тоа за вас и неколку совети во однос на исхраната.
Јаболко (доминантна – надбурбежната жлезда)
Основни карактеристики: горниот дел од телото е забележително покрупен од долниот. Кај жените кои го имаат овој тип на тело, обично се забележуваат широки рамена, изразени гради, помал задник и силни раце и нозе. Во поголемиот дел од случаевите, кожата е природно цврста и немаат наклонетост кон целуит. Во случај на наталожување вишок килограми, прво се здебелуваат градите, рацете и стомакот.
Психолошки карактеристики: Дамите со оваа фигура обично поседуваат изразени лидерски вештини, многу брзо носат одлуки и се многу независни и одговорни. Сепак, постои една маана: тие немаат мерка во работењето, одморот, храната или занимавањето со спорт.


Препораки: Совршено ви одговара вегетаријанската исхрана. Понекогаш треба да се исклучите од грижите и да научите да уживате во едноставни работи. За одржување на формата највеќе ви одговара: пливањето.
Правоаголник (доминантна жлезда: хипофиза)
Основни карактеристики: тесни колкови, нема јасно изразена половина. Рацете и нозете обично не се долги, а главата изгледа поголема. За овој тип е карактеристична долгата половина и малиот заоблен задник. Жените со оваа фигура тешко накачуваат килограми, а кога тоа се случува, прво се дебелеат во стомакот. Слабиот лимфен состав може да биде причина за отоци и сува кожа.
Психолошки карактеристики: Дамите со оваа фигура најчесто се интроверни, наклонети кон уметноста и науката. Можат да делуваат недруштвени и затворени, но не поради тоа што не сакаат да комуницираат, туку проади фактот дека си се доволни сами на себе. Понекогаш, предолго навлегуваат во светот на своите мисли, заборавајќи на реалноста и секојдневните работи.
Препораки: Вам одлично ќе ви одговара прехрана на основа на протеини и намалено внесување на јаглехидрати. За хармонија на душата, треба да бидат опкружени со убави работи. Во куќата треба да има што е можно повеќе цвеќиња и миризливи свеќи. Што се однесува до вежбањето, одлично ќе им одговараат вежби со кревање тежина.
Песочен часовник (доминантна жлезда: штитната жлезда)
Основни карактеристики: Фигурата потсетува на песочен часовник. Кога качуваат килограми, обично мастите се таложат околу стомакот и колковите. Недостатоците се слаби мускули и кревки коски. Можни се и проблеми поради тенката и сува кожа, а имаат и наклонетост кон целуит.
Психолошки карактеристики: Овие жени се весели, активни и дружељубиви. Тие се многу комуникативни. Благодарејќи на тоа, лесно се вклопуваат во кое било друштво.
Препораки: Во прехраната треба да му давате предност на зелениот зеленчук: марула, брокула, зелка, грашок, итн., но и на млечни производи со помалку масти. Трудете се максимално да ограничите продукти како: овошје, леб, алкохол, кофеин. За намалување на стресот и напнатост на крајот на денот, одлично ќе ви дојде топол туш. Од спортски активности ви се препорачуваат групни активности и танц.
Круша (доминантна жлезда – јајници)
Основни карактеристики: Кај претставниците на овој тип може да се види класичното женско тело, со тесен горен дел, заоблени колкови и заоблен задник. Силуетата потсетува на круша. Мастите највеќе се таложат околу колковите, а последни на удар на мастите се половината и стомакот. Имаат наклонетост кон целуит.
Психолошки карактеристики: Овие дами се многу грижливи, добродушни и чувствителни. Лесно се вклопуваат со нови луѓе, како да ги чувствуваат нивните мисли и тешкотии. Поради бавниот метаболизам, може да се забележи некоја надворешна незаинтересираност, но тоа само делува така, затоа што во внатрешноста на оваа жена има вистинска бура од емоции.
Препораки: Обрнете внимание на овошјето и зеленчукот, како и на лесни протеини. Подобро е да заборавите на зејтин, маргарин, чоколади и тестенини. За психолошка удобност, вам ви е потребна комуникација. Избегнувајте ја самотијата, но бегајте од агресивни и нервозни луѓе. Дишењето и јогата ќе ви помогнат за ослободување од напнатоста и акумулирање на позитивна енергија. Не заборавајте дека имате бавен метаболизам и затоа неопходно е да се занимавате со некаква физичка активност, особено вежби за издржливост.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.