Просечната нето плата за мај во Хрватска изнесува 1.451 евро

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен кај фирмите за мај изнесувала 1.451 евро, што е номинално повисока за 9,6 проценти, а реално за 5,9 проценти во споредба со мај минатата година, објави во понеделникот хрватскиот Државен завод за статистика, пренесува Н1 телевизија.

Највисоката просечна месечна нето плата исплатена за мај е исплатена во индустријата за воздушен транспорт, во износ од 2.280 евра, а најниската во производството на облека, во износ од 921 евро.

Во мај имало просечно 174 платени часови, што е на исто ниво во споредба со април. Најголем број платени часови имало во водниот транспорт (184), а најмал во социјалната помош без сместување (162).

Просечната месечна платена нето часовна плата за мај изнесувала 8,11 евра, што е за 0,4 проценти повеќе отколку во април и за 13,9% повеќе отколку во мај минатата година.

Пронајдете не на следниве мрежи: