Протеинска бомба: Рецепт за брз и вкусен појадок

Испржете ги јајцата, помешајте ги со малку варен грав, сирење и зеленчук па со оваа смеса завиткајте ги тортиљите. Доколку немате време да појадувате дома, можете да ги завиткате тортиљите во фолија и да ги однесете на работа.
Потребни состојки за едно лице:
1 голема тортиља
2 јајца
75 грама конзервиран грав
50 грама рендано сирење по желба
2 лажици кечап
сол и бибер


Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја тортиљата во тава.
  2. Испржете ги јајцата како кајгана и префрлете ги на тортиљата.
  3. Конзервираниот грав измешајте го со кечап и додадете го во јајцата. Врз оваа смеса додадете и рендано сирење.
  4. По желба можете да додадете и рендана зелка, шери домати, пиперки, кромид, маслинки, авокадо или друг зеленчук.
  5. Завиткајте ги сите состојки во тортиљата. На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.