Протокол за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари, дел од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот.
- Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа
- Пред почеток на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат
- Се ограничува бројот на учесници согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5-2м, но не повеќе од 30 лица
- Организаторите, предавачите и учесниците задолжително да носат заштитни маски
- Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете
- Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол)
- Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите
- За време на паузите се забранува групирање на присутните
- По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини
- Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак