„Ја повикуваме Комисијата за односи со верските заедници, Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Тетовска митрополија, согласно нивните надлежности, да преземат мерки и самите да го тргнат крстот и да не дозволат верата да се трансформира во инструмент на создавање тензии меѓу нашите граѓани“, изјави лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, на прес-конференција на Европски сојуз за промени, заедно со лидерите на Алтернатива и Демократско движење, Африм Гаши и Изет Меџити, во врска со поставениот 15-метарски крст на Попова Шапка кај манастирската црква Свети Наум Чудотворец.
- Што готвите денес? АРОМАТИЧНО ПИЛЕШКО со топла ЗИМСКА САЛАТА!
- Никој нема да може да одолее: Направете топло чоколадо како професионалец!
- Тајната на добри макарони е во сосот
- И „Амазон“ нуди евтини производи
- Тутунарите бараат повисока откупна цена за тутунот од 420 денари
Воедно, рече Касами, го повикуваме Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, како орган со директни овластувања во оваа работа, да постапи што е можно побрзо согласно своите должности.
„Знаеме дека оваа институција е под раководство на ДУИ и доколку не постапат ќе ги сметаме за тивок партнер со македонските партии, порано со ВМРО-ДПМНЕ, сега со СДСМ. И, ги повикуваме итно да се приклучат на постапката врз своите законските обврски, бидејќи таквите провокации се непростливи за никого“, рече Касами.
Според партиите од сојузот, минатото е потврда дека ваквото поставување на култни објекти без, како што беше речено, одобрение, без план и со наметнување, претставува провокација.
„Имаше вакви сценарија во минатото, како кога пред избори една македонска партија глуми лав, а една албанска партија глуми орел. А потоа се претвараат во маче и во врапче. Затоа, повикуваме на мир, љубов и меѓусебно почитување, а се обраќаме до Македонската православна црква – Охридска архиепископија, да не дозволи да стане жртва на националистичките политики. ДУИ и македонските партнери ги повикуваме да престанат да ги злоупотребуваат верските симболи за да добијат дневни политички поени, под итно да излезат во јавноста и да побарат од МПЦ-ОА да го тргнат крстот, а на тој начин ќе се создадат услови за развој на меѓусебното почитување и соживот. Воедно сите верски заедници ги повикуваме да се облагородат во духовниот живот на нашите граѓани и да не дозволат да се инструментализираат за политички цели. Ние нема да молчиме кога некој сака да ги наруши мирот, хармонијата и меѓуетничките и меѓуверските односи во нашата земја“, рече Касами.
Тој рече дека за волја на вистината, на Попова Шапка веќе има по еден култен објект на муслиманите и на православните и дека тоа до денес никому не му пречело.
Македонските политички партии и денеска молчат, нема ниту реакција ниту соопштение во врска со темава. Она што “зачудува” е што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ молчат на темава.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.