Околу 4.000 домаќинства со најмалку 10,000 жители се во опасност од поплави откако пукна браната што ја задржува реката Урал во градот Орск, во рускиот регионот Оренбург, пренесува ТАСС..
„Во Орск дојде до пробивање на браната. Жителите од поплавата зона на градот се евакуираат,“ се вели во соопштението на градската управа на Орск на страницата „ВКонтакте“.
Според регионалната влада на Оренбург, пукнал дел од насипната брана во стариот град.
Руското Министерство за вонредни состојби информираше дека спасувачите со општинските служби работат на зајакнување на браната. Од министерството додаваат дека за превентивни цели се врши претрес од врата на врата на куќите во поплавната зона, се врши евакуација на жителите од евентуална зона на поплави во центри за привремено сместување.
Претходно беше објавено дека постои закана од пробивање на браната во Орск. На жителите на неколку улици во градот властите им препорачале да си ги земат документите и да се евакуираат во центрите за привремено сместување.
Во градот е воведена вонредна состојба. Таму пристигнаа спасувачки екипи од Москва, а набрзо се очекуваат и спасувачи од Перм.