Coca-Cola и PepsiCo ја прекинуваат продажбата на нивните сокови во Русија, откако претходно и McDonald’s и Starbucks објавија најава за прекин на бизнисите во таа држава.
Coca-Cola објави дека во 2021 година, нејзините операции во Русија и Украина сочинувале околу 1% до 2% од нето оперативниот приход.
PepsiCo, чиј пијалак беше меѓу ретките западни производи дозволени во Советскиот Сојуз пред неговиот распад, најави дека ќе продолжи да продава во Русија млеко и други млечни производи, храна за бебиња и мали деца.
McDonald’s претходно објави дека привремено ќе ги затвори сите свои 847 ресторани во Русија. Starbucks објави и дека ги суспендира сите деловни активности во Русија и дека околу 130 кафулиња што го носат неговото име ќе бидат затворени.
Русија почна инвазија на Украина на 24 февруари, што го натера Западот да воведе строги санкции против државата.