Претседателот на Бугарија, Румен Радев го потпиша Законот за предучилишно и училишно образование, соопшти прес-службата на шефот на државата.
„Во одговор на поставените прашања за тоа каков став ќе заземе шефот на државата во однос на измените на Законот за предучилишно и училишно образование што ги изгласа Народното собрание, ве известуваме: шефот на државата го изрази својот став за измените во закон за предучилишно и училишно образование со потпишување на уредба за негово прогласување“, се вели во ставот.
Потсетуваме, измените на Законот за предучилишно и училишно образование беа донесени на 7 август. Дел од политичките партии го повикаа шефот на државата да стави вето на амандманите.
Со измените се забранува пропаганда, промовирање и поттикнување на кој било начин, директно или индиректно, на идеи и ставови поврзани со нетрадиционална сексуална ориентација или определување на родов идентитет различен од биолошкиот. Во текстот на амандманот е дадена и дефиниција за „нетрадиционална сексуална ориентација“ – „различна од општоприфатениот и утврден во бугарската правна традиција концепт за емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивен пол. “.
ЛГБТИ активистите се изјаснија против амандманите и побараа шефот на државата да стави вето. За денеска е закажан уште еден протест на ЛГБТИ заедницата.