Ракот на дојка може да се открие пет години пред појавата на првите симптоми

Новиот тест на крвта може да го детектира ракот на дојката пет години пред да се појават првите симптоми на болеста, велат научниците.
Тестот, кој ја идентификува реакцијата на имунолошкиот систем, тела на протеини кои произведуваат ќелии на рак, може да биде достапен во следните четири години.
Ќелиите на рак произведуваат протеини наречени антигени кои го тераат организмот да создава антитела против нив, познати како автоантитела, јавува Скај њуз.


Научниците од Универзитетот Нотингем развиваат тест кој ќе ја идентификува реакцијата на системот за имунитет на антигени поврзани со туморот, бидејќи тие се добар показател за болеста.
Тие развиле таканаречени панели на антигени поврзани со ракот на дојката за да детектираат дали во телото постојат автоантитела против нив во примерок од крвта.
Научниците утврдиле дека е можно да се откријат автоантитела против голем број антигени и до пет години пред појавата на првите клинички симптоми на оваа болест.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.