Реал за три минути ги згасна надежите на Партизан


Реал Мадрид во последно време забави, неочекувано загуби неколку натпревари во Евролигата, но вторпат сезонава во Белград покажа колку е моќен.
Актуелниот европски шампион го совлада Партизан во „Штарк Арена“ со 88:76, а мечот беше решен во три минути од третата четвртина, кога „црно-белите“ едноставно како да исчезнаа од паркетот.

Натпреварот, сепак, беше исклучително интересен од почеток до крај, а во првото полувреме имаше многу малку поени, со многу лош процент на шут (31:33). Двете екипи се судрија во третиот период, а на крајот од него и на почетокот на последната делница Реал направи голема серија 0:16, односно 2:21 и со тоа го скрши натпреварот.

Партизан воден од Кевин Пантер во завршницата се обидуваше да намали и да внесе неизвесност на крајот, но Реал умешно го приведе натпреварот до крај.

Натпреварот го одбележа Марио Хезоња, по новите овации кои ги доби од навивачите на „црно-белите“, со 25 поени (5 од 6 реализиации за три поена), шест скока и четири асистенции, за корисен индекс 33. Факундо Кампацо беше одличен во клучните моменти од натпреварот, ја иницираше серијата на Реал, а мечот го заврши со седум поени и осум асистенции. Покрај Хезоња, кај Реал двоцифрени беа Габриел Дек со 13 и Гершон Јабуселе и Фабиен Козер со 10 поени.

Кај Партизан доминираше Френк Камински со 19 поени, Џејмс Нанали и Кевин Пантер додадоа по 16, а Алекса Аврамовиќ постигна 10 коша.

Реал и понатаму е прв на табелата со скор 25-6, додека Партизан моментално е на 11. место со 14-17 и до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во плеј-оф на 11-то место, со натпревар помалку од Валенсија која во петок гостува во Монако.

Во следното коло Реал Мадрид ја пречекува Црвена ѕвезда, додека Партизан гостува кај Олимпијакос.

Басконија го претрпе вториот пораз за три дена и немаше шанси против Жалгирис во Каунас (94:76), во кој најдобар поединец беше Кинан Еванс со 20 поени. Баскијците имаат скор 16-15 и ја задржуваат деветтата позиција на табелата.

Анадолу Ефес ги продолжи надежите за пласман во плеј-ин, кој и покрај многуте проблеми ја оправда улогата на фаворит против Алба во Истанбул (85:84). Двократниот европски првак, кој има 14 победи, го предводеше Илија Брајант со 24 поени.

Во Пиреја, Олимпијакос ја оправда улогата на фаворит против Асвел (80:64), откако даде 26 и прими само девет поени во последните 10 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи: