Реденица со јајца – вкусен и брз ручек за 4-ца

Ако сакате семејството и пријателите да ги изненадите со нешто различно, со брз и вкусен ручек, направете одличен Омлет-реденица. Овој рецепт е толку едноставен и вкусен, што само за половина час може секој да го направи.
Потребни состојки:
8 до 10 јајца
4 парчиња леб
½ шолјичка млеко
2 шолји шери домати
½ шолја фета сирење (или козјо сирење)
Сол, црн пипер, босиле или власец


Постапка:
1.Во еден сад изматете ги јајцата, додадете млеко, црн пипер и сол
2.Лебот исечете го на коцки и измешајте го во јајцата. Оставете добро да впијат.
3.Сирењето, босилекот и шери доматите (исечени на половина) ставете ги во садот и заедно измешајте ги.
4.Мешавината излејте ја во калап или огноотпорен сад, па печете во рерна околу 30 минути на 180 степени.
5.Јадењето исечете го на коцки, сервирајте топло и уживајте во вкусниот ручек.
Совет:
-Ако сакате дополнително да си поиграте со вкусовите, во јајцата можете да додадете состојки како: исечкана сланина, печурки, пармезан или свеж спанаќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.