Погледнете го овој рецепт како да направите божествен колач што сите ќе го обожаваат.
Рецепт: Божествен колач од портокал и палента
Потребни состојки:
200 грама путер
200 грама шеќер
3 големи јајца
1 лажичка екстракт од ванила
200 грама мелени бадеми
100 грама палента
2 портокали
1 лажичка прашок за печиво
кора од портокал
За сируп:
1/4 лажичка мелен кардамон зачин
250 милилитри сок од портокал
30 милилитри вода
125 грама (кафеав) шеќер
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 160 °C и со путерот премачкајте сад за печење со големина од 20 центиметри.
2. Во садот ставете мрсна хартија и притиснете ја, а потоа повторно премачкајте ја со путер.
3. Во голем сад измешајте ги путерот и шеќерот додека не добиете проѕирна и кремаста смеса.
4. Изматете ги јајцата едно по едно во смесата, а потоа додајте го екстрактот од ванила.
5. Во мал сад измешајте ги мелените бадеми, палентата, кората од портокал и прашокот за печиво и сето тоа измешајте го со другата смесата.
6. Истурете ја смесата во садот за печење и печете околу 40-50 минути или додека површината не стане светлокафена и колачот малку не се раздели од рабовите на садот.
7. Извадете го колачот од рерната, оставете го да се излади 10 минути, а потоа ставете го на чинија. Смесата ќе биде прилично мека, па бидете внимателни.
8. За да го направите сирупот, исечкајте го кардамонот или користете мелен, а потоа ставете ги сите други состојки во садот заедно со него.
9. Добиената смеса варете ја на средна температура околу 10 минути или додека не се згусне малку, а потоа оставете ја да се излади.
10. Направете дупки во колачот со помош на чепкалка за заби или со малку подебело стапче, а потоа прелијте го колачот со сирупот, но полека, за да се впие.
11. Послужете го колачот со малку јогурт и дополнително прелијте го со сирупот. Украсете со парчиња портокал по желба.