Рецепт за вкусен куглоф со цреши

Уживајте во викендот со овој вкусен десерт кој сигурно ќе сакате да го направите повторно. Во продолжение погледнете што ви е потребно за овој рецепт.
Рецепт за вкусен куглоф со цреши
Потребни состојки:
3 јајца
200 г шеќер
1 ќесичка ванилин шеќер
200 г јогурт
120 милилитри масло
350 г цреши без семки
250 г брашно
1/2 ќесичка прашок за пециво


Начин на подготовка:
Исчистете ги црешите.
Изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа додајте го маслото и јогуртот.
На крајот, додадете го брашното и прашокот за пециво и мешајте со миксерот за да добиете смеса без грутки.
Премачкајте го калапот за куглоф со масло, а потоа ставете малку брашно.
Во калапот ставајте од смесата и од црешите најизменично.
Печете на температура од 180 степени за 45-50 минути.
Оладениот куглоф посипајте го со ванилин шеќер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.