Ако досега не сте пробале, крајно време е да пробате полнет кромид.
Рецепт за денес: Полнет кромид
Потребни состојки:
8 главици црвен кромид
100 грама варен грав
150 грама сланина
2 чешниња лук
1 лажица оцет
масло и сол
1 децилитар бело вино
2 лажици презла
2 лажици пармезан
Начин на подготовка:
Излупете го кромидот, отстранете ги неговите врвови, потоа ставете го во врела вода во која ќе додадете малку оцет и гответе околу 20 минути.
Оставете го кромидот да се излади, а потоа отстранете ја средината, но внимателно, така што ќе ви останат три прстени кромид.
Извадената средина испржете ја во масло, додајте ја исечканата сланина, а кога таа ќе ги ослободи мрснотиите, додајте ги зготвениот грав и лукот.
Зачинете по вкус, наполнете го кромидот со смесата и ставете го во огноотпорен сад, посипете со презла и со пармезан, турете го виното и печете околу половина час на температура од 200 °C.