Нискокалоричниот леб е идеален избор ако сте на диета, а најдобро и највкусно е кога сами ќе го направите.
Избегнувањето на леб не е најдобрата опција кога се обидувате да ослабете, па затоа најпаметно е да го замените со поздрава варијанта.
Хранливиот леб подготвен по следниов рецепт има малку јаглехидрати, но содржи совршен микс од протеини и влакна.
Потребни состојки:
1 ½ шолја ленено брашно
½ шолја овесно брашно
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка сол
1 лажичка мед или 5-10 капки стевиа
3 јајца
4 белки
½ шолја вода
1/3 шолја масло
Подготовка:
Добро промешајте ги сите суви состојки во еден сад. Додајте ги течностите и мешајте додека не добиете мазно и меко тесто. Moже да проросите и семки по желба.
Оставете го да отстои неколку минути, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени.
Печете го лепчето околу 30 минути, односно додека не добие златно-кафеава боја.