Рецепт за кралски пијалак одличен за топлите денови

Розите се истакнуваат со својата убавина и мирис во бројни букети и скоро секогаш ги избираат за посебни прилики. Розите ја истакнуваат свеченоста и важноста на моментот. Но, магичната кралица на цвеќињата има и лековити својства, бидејќи нејзините кадифени листови кријат витамини како што се витамините А, Ц и Е, флавоноиди и други биоактивни соединенија. Во народната медицина се издвојува и како лек за црниот дроб и цревата, а во козметичката индустрија се користи за подобра виталност на кожата.
Во топлите денови што доаѓаат, ви предлагаме да се освежите со овој пијалак од рози, чија подготовка не бара многу време и одлични кулинарски вештини.
Сируп од рози: Рецепт за кралски пијалак одличен за топлите денови


Потребни состојки:
тегли
40 г лимонска киселина
вода
шеќер
Начин на подготовка:
Наполнете ги теглите со листови од роза до половина.
Додадете ја лимонската киселина и вода до врвот.
Покријте со чинија, но не и со капак.
Оставете 10 дена на сонце. Потоа процедете.
Додадете шеќер колку што има и вода.
Промешајте и оставете да отстои покриено додека шеќерот не се стопи.
Истурете го сирупот во шишиња и добро затворете ги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.