Потребни се само 7 здрави состојки и 10 минути да се направи. Совршен намаз за сендвичи, лепчиња, врз зеленчук, и многу повеќе! Дозволете ни да ви покажеме како да го направите!
Рецепт за намаз од грав со вкус на лимон и зачини
Потребни состојки:
425 гр конзерва бел грав
60 гр таан
45-60 милилитри сок од лимон
1/2 лажичка морска сол или по вкус
4 чешниња лук, мелен или по вкус
15 милилитри маслиново масло
зачини по избор и вкус
Начин на подготовка:
Ставете ги сите сосојтки во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса.
Уживајте веднаш, или ставете го во фрижидер да се разлади.
Остатоците се чуваат покриени во фрижидер до 4-5 дена.