Брз и едноставен десерт за љубителите на кафето
Потребни состојки:
За кората:
250 грама бадеми
180 грама урми
2 лажици кокосово масло
За кремот:
300 грама индиски ореви (потопени во вода преку ноќ)
100 грама бадеми (бланширани, излупени и потопени во вода преку ноќ)
3 лажици свежо подготвено црно кафе
50 грама кокосово брашно
50 грама масло од какао
2 лажици кокосово масло
2 лажици мед
Начин на подготовка:
За кората:
Во блендер ставете ги исцедените урмите без семки и бадемите. Додајте им го кокосовото масло и матете со миксер сè додека не добиете ситни топчиња – кората е повкусна кога смесата е погруба. На дното на тавата за колачи ставете провидна фолија па нанесете ја кората со лажица, израмнете ја и ставете ја во фрижидер дур го подготвувате кремот.
За кремот:
Во блендер ставете ги индиските ореви и бадемите. Матете со миксер сè додека не добиете кремаста содржина, па додајте го оладеното кафе, кокосовото брашно, медот, стопениот какао путер и кокосовото масло. Добро изматете. Треба да добиете мазен крем. Префрлете го кремот над оладената кора и вратете ги во фрижидер на уште 2 до 3 саати.
Совет: Ако користите суви урми, потопете ги барем саат време во млака вода.