Ако сакате палачинки и тиквички, овој рецепт ќе ве одушеви. Палачинките се брзи и лесни за подготовка и може да ги комбинирате во секоја пригода.
Потребни состојки:
-3 јајца
-350 мл млеко
-100 мл минерална вода
-1 тиквичка од средна големина
-50 г стопен путер
-250 г брашно
-сол и бибер
Начин на подготовка:
Излупете ја тиквичката, добро измијте ја и изрендајте. Посолете и оставете да отстои 20 минути, а потоа добро исцедете ја од водата.
Јајцата изматете ги во подлабок сад, посолете и зачинете со бибер, може да ставите и зачини по желба. Додадете ги брашното, млекото, путерот и водата, па измешајте го тестото за палачинки. Ќе биде малку погусто од вообичаеното тесто за обични палачинки. Ако забележите дека е ретко, додадете уште малку брашно.
Палачинките пржете ги на класичен начин, во сад претходно намачкан со масло или путер. Може да ги послужите со павлака, сирење или фил по желба. Одлични се и за полнење со месо, зеленчук и слично, па да ги потпечете во рерна.