Исхраната е исклучително важна за имунитетот и општото здравје на организмот. Дали знаевте дека одредени намирници можат да ви помогнат да ја ублажите болката во зглобовите?
Рецепт за пијалак богат со витамини и минерали: Идеален за оние кои имаат болки во колената!
Со текот на годините, функционалноста на колената и зглобовите се менува бидејќи мускулите стануваат помалку флексибилни. Тоа се јавува како резултат на недостаток на магнезиум, витамини, калциум, силициум и калиум во организмот. Затоа ви споделуваме рецепт за пијалак кој содржи бројни витамини, но и минерали кои ги зајакнуваат зглобовите, ‘рскавицата и позитивно влијае врз здравјето на коските.
Потребни состојки:
1 лажица органски мед
1 чаша дестилирана вода
50 грама бадеми
прстофат мелен цимет
1 чаша свежо исцеден сок од портокал
2 чаши ананас, исечен на мали коцки
1 чаша овесни снегулки
Начин на подготовка:
Исечкајте ги бадемите, а овесните снегулки потопете ги во вода да отстојат. Исцедете го сокот од ананас – за ова доволно е да ги ставите парчињата во газа и добро да ги притиснете. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете кашеста смеса. Пијте го еднаш дневно овој напиток како ужина.
Забелешка: Предложениот пијалак не е лек туку додаток во исхраната. Доколку чувствувате непријатност за време на консумирањето, неопходно е да се консултирате со доктор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.