Сигурни сме дека ви е добро познат вкусот на колачот тирамису, но дали знаевте дека може да направи и во посна/веганска варијанта? Без кравјо млеко и јајца можете да направите подеднакво вкусен десерт кој ќе ги воодушеви сите. Една од најдобрите работи за овој рецепт е тоа што доминираат вкусовите на какао и кафе.
Потребни состојки:
Замена за бисквити:
2 лажици овесни снегулки
2 лажици овесно брашно
1 лажица какао прав
1 лажичка прашок за пециво
100 мл црно или инстант кафе
1 лажица јаворов сируп
За филот:
200 гр јогурт од соја
1 лажица јаворов сируп
какао во прав
Начин на подготовка:
- Сите состојки кои се замена за бисквитите ставете ги во сад за печење. Добро промешајте па печете околу 15 минути на 180 степени.
- Во меѓувреме изматете го јогуртот со јаворовиот сируп и медот.
- Рамномерно распоредете го филот врз останатите состојки. Низ цедалка сипете го рамномерно какаото. На здравје!