Тоа што е најважно за вашата врска и односот со партнерот е здравата комуникација. Разговор за следниве четири теми, би требало секојдневно да поттикнете, сѐ додека тоа не ви стане рутина.
1. Цели за во иднина
Разговорот за целите ќе ве мотивира да почнете да ги реализирате. Важно е да имате поддршка од партнерот, кој може да ви помогне на патот кон остварување на вашите соништа. Но, освен сопствените, разговарајте и за заедничките цели и активности, кои се исклучително битен фактор за секој однос.
2. Драги спомени
Сеќавањето на убавите моменти ќе ве расположи моментално и ќе ве наведе да планирате идни заеднички авантури. Освен тоа, ќе се чувствувате приврзано за вашиот партнер, па од ден на ден вашиот однос ќе се задлабочува.
3. Здравје
Иако понекогаш не сакаме да зборуваме за болестите и сопствените тегоби, за да не вознемируваме никој, здравјето на крајот од денот е најважно и за тоа мораее отворено да разговараме. Објаснете му на партнерот што ве измачува и дозволете му да биде до вас и да ви помогне.
4. Секојдневни проблеми
Без разлика дали станува збор за проблемите на работа, расправиите со пријателите или нешто слично – секогаш споделувајте ги со вашиот партнер. Искажете си меѓусебна доверба и блискост, а така ќе го поттикнете и него да се отвори.