Рецепт за тирамису што ќе ви го стопли срцето во студените есенски денови!
Се работи за тиквата. Пирето од тиква му дава посебна арома и кремаста структура на колачот, а комбинацијата од цимет и ѓумбир го прават уште повкусен.
Потребни состојки:
450 грама тиква
½ чаша светло-кафеав шеќер
¾ лажичка мелен ѓумбир
¾ лажичка мелен цимет
¼ лажичка сол
рендано морско оревче
1 и ½ чаши маскарпоне
4 лажици гранулиран шеќер
2 и ½ чаши слатка павлака
2 шолји сварено кафе, изладено
200 грама пишкоти
рендано темно чоколадо
ѓумбир за декорација
Начин на подготовка:
Во поголем сад изматете го пирето од тиква со кафеавиот шеќер, ѓумбирот, циметот, солта и морското оревче. Додадете маскарпоне и една и пол чаша слатка павлака. Изматете ја смесата со миксер додека убаво не се соедини за да не се формираат грутки.
Во друг сад изматете го свареното кафе со 2 лажици шеќер. Потопете ги пишкотите од двете страни во смесата со кафе и наредете ги во еден слој во калапот. Намачкајте го филот од тиква и наредете друг слој пишкоти. Повторете ја постапката уште 5 пати. Оставете го колачот да отстои во фрижидер преку ноќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.