Доколку сакате да си направите вкусен турски специјалитет со евтини состојки, тогаш овој рецепт е идеален за вас. Ѓозлеме има феноменален вкус, а се подготвува многу едноставно.
Потребни состојки:
квасец, 250 милилитри вода, 390 грама брашно, 1/4 супена лажица сол, 1 лажица масло за јадење, 2 лажици јогурт.
За полнење:
400 грама спанаќ, 200 грама фета сирење, 100 грама кашкавал, 1 главица кромид, лук во прав.
Подготовка:
Ставете го квасецот во малку млака вода. Додадете го брашното, солта, маслото за јадење, јогуртот, па сето тоа добро измешајте го додека не добиете тесто.
Оставете го тестото да нарасне. Додека чекате, направете го филот.
Филот направете го така што спанаќот треба малку да се обари, добро исцедете го, па ситно исечкајте го.
Додадете го фета сирењето, изренданиот кашкавал, ситно исечканиот кромид, малку чили во прав и сето тоа измешајте го додека не се соедини.
Тестото поделете го на шест еднакви делови.
Топчињата развлечете ги, па во средината ставете од филот и преклопете.
На загреана тава ставете малку масло за јадење, па печете ги лепчињата околу 4 минути од едната, па 4 минути од другата страна.
Послужете додека се топли, пријатно јадење!