Римејкот на „20 илјади милји под морето” се снима во Австралија

Римејкот на филмот „20 илјади милји под морето” ќе се снима во Австралија, во режија на Дејвид Финч и во продукција на студијата „Walt Disney” победнички објави австралиската влада која одобри субвенција до 21,6 милиони австралиски долари во согласност со нејзината политика на поддршка на филмската индустрија, бидејќи таа отвора работни места.

 Австралиската премиерка Џулија Гилард и министерот за уметност Тони Бурк објавија дека снимањето според научнофантастичниот роман на францускиот класик Жил Верн ќе биде најголемата филмска работа досега реализирана во Австралија.
Владата во Канбера одобрува попуст од 40 отсто за снимање на сите филмови. Снимањето на филмови досега отворило речиси две илјади работни места со учество на повеќе од илјада австралиски компании и вложувања од 80 милиони австралиски долари, објави канцеларијата на премиерката Гилард.
Римeјкот на филмот „Големиот Гетсби” беше снимен минатата 2012 година, исто така, во Австралија. Таму се снимаа и епизодите од „Ѕвездените војни” II и III, како и трилогијата „Матрикс”.
Американецот Дејвид Финч кој ги режираше „Fight Club” и „Социјална мрежа” ќе го режира „20 илјади милји под морето”, а улогите сѐ уште не се поделени и не се знае дали Бред Пит че ја толкува ролјата на ловецот со харпуни Нед Ланд од подморницата „Наутилус”.
Снимањето во Австралија ќе биде најновата екранизација на истоимениот орман на Жил Верн објавен во 1870 година, кој ги привлекува филмаџиите. Првата верзија ја снимил Џорџ Мелис во 1907 година, а потоа и Стјаурд Патон во 1916 година, и Ричард Флејчер во 1954 година кој работеше на Карибите.
Макфакс
Римејкот на филмот „20 илјади милји под морето” ќе се снима во Австралија, во режија на Дејвид Финч и во продукц

Пронајдете не на следниве мрежи: