РК АЛКАЛОИД – ДА НАВИВАМЕ ФЕР И СО СРЦЕ

Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот,
Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК
„АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон
македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб АЛКАЛОИД со фер и спортско навивање.
Да навиваме со срце, да бодриме со почит и да покажеме дека вистинските навивачи се дел од
фер-плејот на теренот.
Ви благодариме за сета досегашна поддршка и убавите коментари за првиот одигран натпревар
против РК „АЕК“. Во недела имаме пред нас уште 60 минути тежок и голем предизвик. Публиката
како никогаш до сега имаме потреба да нè бодри, да навива за нас, покажувајќи респект и почит
кон гостинската екипа, во духот на фер-плејот.
Со нас на трибините во недела ќе биде и нашиот најмлад навивач кој има само 2 години, а
единствената официјална навивачка група на РК „Алкалоид“ „Кафетинки“ се вистински пример за
тоа како е да се навива гласно, но од срце и со стил!
Да бидеме пример за спортска култура кон нашиот тим, гостите и претставниците на европската
куќа на ракометот, затоа што спортот не е само борба за победа, туку и празник на почитта,
заедништвото и витешката игра.
ДА НАВИВАМЕ ФЕР И СО СРЦЕ: НАПРЕД АЛКАЛОИД!!

Горан Минов, Претседател на РК „Алкалоид“

Пронајдете не на следниве мрежи: