Родила близнаци на 65 години, судот ѝ ги одзел децата: Државата се крена на нозе, а ова е вистинската причина

Врховниот суд во Шпанија донесе одлука со која целата земја се крена на нозе. Судот и ги одзеде близнаците на Мауриција Ибанез (69) врз основа на процена на експерти, а не врз основа на возраст. Социјалната служба ги смести децата во згрижувачко семејство.
Во системот на социјална услуга, покрај близнаците е и ќерката на Мауриција, која има 11 години, а која беше одземена од нејзината мајка во 2014 година. Шпанскиот суд во понеделникот донесе одлука дека Мауриција не е способна да се грижи за децата.
Оваа одлука стави крај на четиригодишната правна битка. Маурисија се обиде на секој начин да ги врати децата, близнаците Габриел и Марија, кои ги роди по ин витро оплодување во Америка.
Судот наведува дека мајката не може да соработува на квалитетен начин со социјалната служба и дека тоа им наштетило и на децата. Тие повторија дека пресудата се заснова врз процена на експерти, а не врз основа на возраста на Мауриција, ниту на нејзиното ментално здравје.
Во изјавата од судот во Бургос, од каде потекнува Мауриција, се наведува за време на нивната прва пресуда дека карактерните црти на мајката значајно влијаат врз психосоцијалниот развој на децата. Тие велат дека децата живеат во изолација без никакви врски со другите членови на семејството, како и без поддршка од општеството.

Близнаците денес имаат четири години, а социјалната служба ги сместија во згрижувачко семејство кратко по раѓањето. Ибанез потпиша документ со социјалната служба во кој изјави дека ќе ангажира асистент, кој ќе биде тука да се грижи за децата и домаќинството со неа. Но, само 10 дена по напуштањето на родилиштето каде што беше еден месец, властите заклучија дека близнаците биле изложени на голем ризик.
„Кога се врати дома, тимот го следеше нејзиниот напредок и сите извештаи покажуваат дека децата треба да растат во поинакво опкружување“, рече тогашниот претставник за печатот на социјалната служба во Бургос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.