Ако вашето дете сака да зборува многу, постојано поставува прашања и учествува во разговорите на возрасните, тоа покажува знаци на љубопитност, зрелост и високо ниво на интелигенција.
Mensa објави кои карактеристики откриваат дека детето има натпросечна интелигенција.
Љубопитни се
Љубопитноста е поврзана со нивото на интелигенција. Ако вашето дете поставува многу прашања и ако постојано го преиспитува светот околу себе, тоа е еден од показателите дека детето е паметно.
Имаат добра меморија
Ви се случило ли детето да ви прераскажува настан кој се случил пред неколку недели или месеци? Тоа е показател на одлична меморија.
Порано научуваат да читаат
Децата во просек учат да читаат во шестата година од животот. Талентираните деца добиваат желба за читање уште на четири години.
Обожава да разговара, особено со возрасните
Ако вашето дете сака да зборува, постојано прашува и активно учествува во разговори за возрасни, тоа покажува знаци на љубопитност, зрелост и желба да се социјализира.
Се чини дека вчера го кажа првиот збор, а веќе сврзува сложени реченици.
Има одлична смисла за хумор
Дали вашето дете се обидува да ве натера да се насмеете? Постојано прави нови шеги и бара начини да го покажете својот хумор?
Ова е уште еден знак на интелигентно дете.