Состојки:
500 гр кори за пита
3 јајца
200 мл јогурт
100 мл масло
сол
250 гр шунка
100 мл кечап
300 гр кашкавал
Начин на подготовка:
Разматете јајца, јогурт, масло и сол.
Поделете ја кората на 2 дела. Секоја кора премачкајте ја со фил и редете една на друга. Последната премачкајте ја со кечап.
Наредете шунка и 150 гр рендан кашкавал. Свиткајте.
Постапката повторете ја со останатиот дел од кората. Двата ролати премачкајте ги со фил.
Печете во длабоко загреана рерна на 220 степени, додека ролатот не добие светла браун боја.