Министерството за надворешни работи на Русија објави дека ќе забрани голем број медиуми од Европската унија, како одговор на забраната за руските медиуми во Европа.
Во мај, Европската унија објави дека ја суспендира работата на четири „пропагандни мрежи поврзани со Кремљ“, лишувајќи ги од правото да емитуваат и дистрибуираат на нејзина територија.
- Маск: Зеленски има неверојатна смисла за хуморАмериканскиот милијардер Илон Маск рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски има „неверојатна смисла за хумор“. Ова тој- прочитај повеќе
- Трајановски: Набавени се адитиви за работа на ниски температури, патот Кичево-Охрид ќе се асфалтира и преку зимаДиректорот на Јавното претпријатие за држави патишта Коце Трајановски денеска изјави дека зимските услови наредните месеци нема- прочитај повеќе
- Вредноста на биткоинот паѓа за првпат по победата на ТрампБиткоинот го забележа првиот пад по десет дена раст на крилата по победата на Доналд Трамп на- прочитај повеќе
- Македонија денес против Фарски Острови – Милевски: Имаме мотиви за нова победаДенеска Македонија ги завршува натпреварите од Лигата на Нации со мечот на домашен терен против Фарски Острови.- прочитај повеќе
- Денеска се празнува Преподобен Јоаникиј ВеликиОва големо духовно светило се роди во селото Марикати, во областа Витиниска, од татко Миритрикиј и мајка- прочитај повеќе
Забраната се однесуваше на Гласот на Европа, новинската агенција РИА и весниците Известија и Росијскаја Газета.
Руското Министерство за надворешни работи денеска возврати, објавувајќи список од 81 медиумска куќа од 25 членки на Европската унија, чија работа и емитување сега ќе бидат забранети во Русија.
„Руската Федерација постојано предупредуваше на различни нивоа дека политички мотивираното вознемирување на руските новинари и неоправданата забрана на руските медиуми во ЕУ нема да останат без одговор“, се вели во соопштението на Министерството.
„И покрај тоа, Брисел и главните градови на земјите-членки се одлучија на патот на ескалација, принудувајќи ја Москва да усвои реципрочни и пропорционални контрамерки“, се додава во соопштението.
Министерството ги обвинува западните медиуми дека „систематски шират неточни информации“ за руската „специјална воена операција“ во Украина.
Меѓу забранетите медиуми се француската новинска агенција Франс прес, австриската телевизија ОРФ, ирската телевизија РТЕ и шпанската новинска агенција ЕФЕ и паневропската Политико.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.