Руската сирена, како што многумина ја нарекуваат Анастасија Слободчикова, вели дека пливањето во замрзнати езера лекува многу здравствени проблеми.
Оваа 36-годишна медицинска сестра од Владивосток, Русија првин го крши ледот во замрзнатите езера, а потоа плива додека носи импровизирана опашка на сирена.
Таа привлече големо внимание со ова необично хоби. Вели дека многумина ја предупредуваат дека ќе се разболи, но таа смета дека зимското пливање го подобрува имуниот систем.
View this post on Instagram
„За оние кои ме гледаат прв пат и се загрижени за моето здравје од болести како менингитис, воспаление на бели дробови, проблеми со бубрези или откажување на други органи, не се грижите. Пливам веќе четврта сезона“, вели таа за Daily Star.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.