Шпанија е позната по едноставната кујна но сепак солена и многу вкусна во која доминираат достапни намирници но и многу зачини. Еден од најпопуларните рецепти таму кој се припрема со децении е чуената тортила за која ви се потребни 3 многу евтини состојки.
Таа се припрема многу лесно и брзо па затоа е одлично решение за ручек доколку ви дојдат ненадејни гости. Состојките сигурно веќе ги имате во фрижидерот, а нема да се посрамотите кога ќе ги послужите гостите. Секогаш може да ја збогатите со состојки по желба како на пример печурки, пиперки, домати, спанаќ или можеби пилешко, колбаси или пак сланина.
Шпанската тортила можете да ја правите и за појадок, а добрите вести се дека домаќинките кои го штедат домашниот буџет за целиот овој рецепт ќе потрошат само 100 денари.
Потребни состојки:
1 главица кромид
4 јајца
4 компири со средна големина
Масло, сол, бибер и зачини по желба
Подготовка:
Комирите излупете ги па исецкајте ги на тенки коцки. Кромидот исечете го на тенки кругови. На рингла загрејте масло во тавче, па додадете го кормиот и компирот и динстајте се додека компирот не порумени.
Следно што треба да направите, е да ги скршите јајцата, измешајте ги и додадете ги во пропржениот компир и кромид (кои претходно се исцедиле од вишокот на масло).
Повторно загрејте масло во тава па ставете ја целата оваа смеса. После неколку минути тавата прекријте ја со чинија и така превртете со тоа што тортилата ќе остане на чинијата, а потоа повторно вратете во тавата така што ќе се запече и другата страна.
Тортилата е готова кога ќе се запече од двете страни. Повторно префрлете ја во чинија на погоре споменатиот начин за да не се изгуби формата.
Исечете ја на триаголници и послужете ја со сирење, кисело млеко или сезонска салата.
Пријатен апетит!