Салата со макарони и сланина

Loading...

250 г ситни макарони
250 г чадена сланина
250 г зрна конзервирана пченка
250 г кашкавал
1 црвена пиперка
1 свежа или 3-4 кисели краставички
200 мл кисела павлака
100 г мајонез
сол и мелен црн пипер
Макароните сварете ги во зовриена и посолена вода, па откако ќе се сварат, исплакнете ги со ладна вода и исцедете ги.
Пченката исцедете ја од течноста.
Преостанатите состојки ситно исечкајте ги.
Краставицата се цеди од течноста што ќе ја испушти – се витка во крпа, па се додава во макароните.
Павлаката и мајонезот се мешаат, и се зачинува со црн пипер.
Во садот со макарони се додаваат сите состојки, се посолува, па се додава павлаката со мајонезот.
Салатата убаво измешајте ја и ставете ја во фрижидер да се олади пред да ја послужите.

loading...