Салата со шампињони

Јас не сум голем обожавател на печурки, но лично оваа салата ја правев неколку пати и ми е меѓу омилените. Доколку се исфрлат доматите, може да биде и рестриктивна вечера, како одмор од месо. Погодна е и за посно или вегетеријанско мени.
Рецепт
500 гр Шампињони
1 Зелена тиквичка
2 Домати
2 Зелена пиперка
1/2 китка Магдонос
1 лажичка Сусамово масло
по вкус Сол и бибер
по вкус Сушен лук


Инструкции за готвење
1 | Гриловање на зеленчукот
Излупените тиквички се потпекуваат од двете страни на грил тава. Кога ќе се готови се посолуваат, во спротивно ќе пуштат вода.
Исецканите пиперки се потпекуваат исто без сол.
Препорачливо е да не е висока температура, за да може убаво да се запечат.
2 | Спремање на печурките
Во вок тава се става маслото, кратко само да се загрее и веднаш се ставаат шампињоните. Се посолуваат убаво, додаваме бибер и сушен лук.
На висока температура, со постојано мешање се пржат додека не бидат комплетно готови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.