8 варени јајца
2 ленти сланина, испржени и ситно исечкани
100 г сирење
1 зрело авокадо, исечкано на коцки
3 лажици кисела павлака
3 лажици мајонез
1/4 лажичка лук во прав
1/4 лажичка мелен црн пипер
сол по вкус
Во сад измешајте ги павлаката, мајонезот, лукот во прав, црниот пипер и солта. Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Потоа додадете ги жолчките во садот со другите состојки и пасирајте додека ја добиете смесата која ја посакувате. Додека пасирате полека додадете ги и авокадото, сланината и сирењето.