Оваа мешунка е еден од најдобрите извори на протеини, влакна, витамин Б6, железо и магнезиум.
Леблебијата, позната и како наут, има неверојатни нутритивни вредности. Таа е преполна со протеини и содржи многу влакна кои ќе ве држат сити и по неколку часа.
Богата е со антиоксиданти, железо, магнезиум, калиум и витамините А, Е и Ц. Варената леблебија има двојно повеќе железо од истата количина месо, а исто така содржи и голема количина протеини. Токму затоа, леблебијата им се препорачува на трудниците и за време на менструалниот циклус.
Кога станува збор за биохемискиот состав на леблебијата, сушеното зрно содржи 23 отсто протеини, 53 отсто јаглехидрати, 4-5 отсто растително масло, 3-5 отсто целулоза и 3 отсто минерални материи.
Еве зошто треба да ја вклучите леблебијата во вашата исхрана:
Ги исфрла токсините и помага во слабеењето
Благодарение на растителните влакна, леблебијата е одлична за сите оние кои сакаат да ослабнат. Освен тоа, доколку редовно ја консумирате, ќе ги исфрлите сите наталожени токсини од цревата.
Го чува здравјето на коските
Железото, фосфатите, калциумот, магнезиумот, манганот, цинкот и витаминот К кои се наоѓаат во леблебијата придонесуваат за поздрави и поцврсти коски.
Го намалува крвниот притисок
Една од најважните промени кои треба да ги направите за да го намалите високиот крвен притисок е да внесувате намирници кои се сиромашни со натриум, а токму таква намирница е и леблебијата. Покрај тоа, тука е и калиумот кој е подеднакво важен за нормализација на притисокот.