Сапунот може да се искористи на уште 6 неверојатни начини

Веројатно никогаш не би ни помислиле дека сапунот би можел да се користи и во други цели, освен во хигиенски, но всушност тој може да биде одлична помош во неколку ситуации.
Денеска ви претставуваме неколку трикови со сапун во главната улога:
Ја подобрува миризбата на чевлите
Ако чувствувате дека вашите омилените чевли по долгото носење не мирисаат баш најдобро, доволно е во нив да ставите по еден сапун и да ги оставите во текот на ноќта. Повторувајте го ова на секои 2 до 4 недели.
Може да го откопча заглавениот патент
Доколку имате проблем со заглавен патент, доволно е да го премачкате со сапун неколку пати по неговата предна страна. Тоа би требало да го олесни откопчувањето.
Спречува замаглување на огледалото во бањата
Земете сув сапун и со него истријте го сувото и чисто огледало во купатилото, а потоа отстранете ги трагите со крпа. Слојот на сапун ќе спречи замаглување на огледалото во текот на капењето или туширањето.
Ги штити вашите билки
Ако сакате да ги заштитите билките во домот од разни инсекти, помешајте ¼ шолја течен сапун со 1 шолја растително масло. Добро промешајте и користете една лажичка од оваа смеса, растворена во 4 шолји води со која еднаш неделно ќе ги попрскувате растенијата.
Го освежува воздухот во ормарите
Овој трик го користеле сите наши баби – едноставно ставете парче сапун во ормарот или фиоките во кои ја чувате облеката. Сапунот ќе ги впие непријатните миризби и ќе послужи како благ освежувач на воздухот.
Помага при убод од комарци
Истријте го местото каде што ве каснал комарец со влажно парче сапун. За само неколку минути ќе се намали непријатно чешање и иритацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.