Јас ќе го пофалам Мицкоски, мислам дека направи потези со кои покажа прав пат, на пример кога застана на страната на Украина, на средбата со Баздникин.
Јас се согласувам дека Мицкоски не го блокираше Преспанскиот договор, тоа е правилен чекор, и сега ќе има уште еден правилен чекор доколку поддржи уставни измени и јас сум му благодарен за тоа, вели во денешната епизода на Тешки муабети Саше Ивановски.
Според него на следните избори би било проблем доколку Апасиев има 200.000 гласови и 20-30 пратеници, од што стравува Ивановски.