СВЕДОШТВОТО НА МАЈКАТА НА ВАЊА ВО СУДНИЦАТА: Сопругот многу ги сакаше децата – ВЕДНАШ СЕ ВКЛУЧИ ВО ПОТРАГАТА ПО ВАЊА

Не ги познавам обвинетите, не сум скарана со Александар, изјави Зорица Ѓорчевска, мајката на убиеното девојче Вања Ѓорчевска.

Прашања на обвинител: Настанот се случи на уч. Наум Наумовски Борче во Скопје. Од кога живеевте во тој стан?

– 2 месеци, од 9 септември

Претходно каде живeевте?

– на Славе Деловски, а пред да се омажам со моите родители во тој стан на Наум Наумовски, станот е сопственост моја со оставинска постапка откако почина мајка ми.

Обв: Што беше причината што станот го дадовте во сопственост на Александар Ѓорчевски?

– Конкретно не можам да ви одговорам од која причина, меѓутоа беше даден во негова сопственост и идејата беше дека јас имам два стана, тој инсистираше едниот да се префрли на негово име, за некому нешто ако му се случи да остане тоа на децата.

Кога децата сакаа да жувееме таму, јас побарав повторно станот да се префрли на име на децата, јас како старател требаше да инвестирам во тој стан, затоа побарав да се префрли на децата за да јас можам да располагам со станот.

Александар своеволно побара и станот на негово име да го прфлиме на име на децата, беше договорено едниот стан да биде на едната, другиот на другата, најдовме адвокат, договорот се потпиша и Александар се ангажираше да помине постапката за Град Скопје, меѓитоа потоа нотарската заверка никогаш не беше завршена затоа што на мое инсистирање, неколку пати инсистирав, тој се повлекуваше. Откако се преселивме јас престанав да инсистирам да се заврши нотарската заверка. Договорот беше април или мај и во моите два обида да бидеме на нотар, во моментот не можеше да идеме на нотар, после тоа дојде го зема изводот мој, јас морав нов извод да земам и повеќе не ми педложи и јас престанав да инсистирам.

Обв: Во тој период кога сопственоста ја префрлате на А.Ѓ до моментот кога повторно се враќате во станот кој го користи тој стан?

– Јас го користев, плаќав сметки и почнав да го реновирам, да го уредувам оти они две сакаа посебни соби, цело лето го уредував, нарачав мебел и на 9 септември се преселивме во тој стан. Претходно таму под наем живееше станар, киријата ја земаше Александар Ѓорчевски, тој беше ангажиран околу станот.

Обв: Вие имавте во ваша сопственост и друг стан?

– Да, имав три стана кои ги наследив од моите родители во Капиштец, Аеродром таму имав станар и мал стан во Охрид исто наследен од родителите.

Обв: Живеете во станот на Н.Н.Борче во критичниот период?

– да

Обв: што се случи тој ден, како се одвиваа настаните?

– Двете девојчиња излегуваа во 7.20 на училиште, тој ден помалата ќерка остана дома бидејќи немаше прв час, Вања околу 7.20 се подготви и излезе на училиште. Јас излегов во 15 до осум за работа, телефонот ми беше во џеб, земав да го префрлам во ташна и видов порака од класната дека вања ја нема на прв час. Пораката беше пуштена во 7.43 јас сум ја видела во 7.45, таа рече не е дојдена. И свртев на Вања, не беше достапна и бидејќи на ГУгл Мапс ја следев локацијата видов дека покажува некаде кај Фитнес Хаус на Партизанска, ѝ се јавив на класната дека Вања ја нема. Не знаев што да правам и му се јавив на Александар.

По пат вртев повеќе пати, беше недостапна, кога стигнав кај зградата Александар излегуваше, јас реков ќе се јавам во полиција, околу 8 јас на 112 алармирав дека детето го нема. Со Александар со неговиот автомобил се упативме на местото каде последен пат покажува дека бил телефонот, јас излегов, викав Вања, Вања, имаше една напуштена куќа ја пребаравме немаше ништо во меѓувреме ми се јавија од МВР.

Дојдоа полицајците, направивме записник, потоа веќе започна потрагата.

Обв за колку време александар дојде откако го известивте?

– Мене ми требаат 5-6 мин до зградата, кога дојдов веќе беше облечен и симнат доле пред зграда.

Обв: Вообичаено ли е александар така брзо да се подготвува?

– Не е вообичаено меѓутоа во случајов се симна веднаш, знаел да доцни но сега беше веќе доле ама и јас би се симнала во пижами кога го нема детето.

Обв: Што ви рече кога се симна?

– Ништо не ми рече, јас се правдав не знам каде е детето, не знам каде избегала, не сум се скарала со неа, не знам каде е праввеме муабет само каде да одиме да провериме каде е.

Понатаму не го паметам редот на настаните, јас седев кај Соборна со полицајци, почнав да се јавувам на колеги на работа да пробаат да го лоцираат телефонот, дојдоа колегите веднаш и ако добро паметам јас отидов со едниот полицаец да видиме да не е вратена дома, да не и се слошило, се жалеше утрото дека не спиела добро, а александар замина на местото каде зрачел телефонот со друг полицаец.

Се качивме ја немаше, во меѓувреме се јави помалата ќерка приметила дека Вања не е дома, почна да плаче каде е Вања, јас ја земав и нејзе од школо и се упативме до локацијата каде последен пат телефонот бил. Веќе имаше полиција, доби колешка идеја да ги гледаме камерите по патот кај што се движела, луѓето беа соработливи но не најдовме ништо на камерите, потоа стана хаотично, дојде полицијата, се собраа луѓе…

Обв: Кои колеги?

– Моите колеги од работа, во мојот оддел има пет колеги сите дојдоа веднаш со автомобил, јас работам во А1, се јавуваа на другите колеги да им кажат каде последен пат бил врзан на мрежа телефонот, се движеа по тие локации да побараат да не е таму.

Обв: Откога ја земавте Миња бевте заедно со александар?

– Не, се разделивме кога дојда двајца полицајци и јас отидов во стан, а Александар на локацијата. Миња инсистираше да се вратиме на локацијата каде последен пат била, таму беа моите колеги, чичко ми, не се сеќавам дали другиот братучед, јас Александар не го видов, мојата претпоставја е дека бил во станица затоа што кога дојдов да дадам изјава еден полицаец рече дека александар веќе дал изјава.

Потоа ми ече дека тргнал накај Арачиново, па Блаце но имало гужва и се вратил.

– Александар тврдеше од прв момент дека е Вања киднапирана, на прашањето зошто, ако некој е киднапиран треба да има причина, ми рече нема што друго да биде.

Обв – објавивте ли некаде?

– Една колешка ми предложи објави на Фејсбук, да помогне некој да ја најде, јас ги прашав полицајците, дали смеам да објавам, рекоа можете слободно ако мислите дека тоа ќе помогне. Јас објавив како е облечена, кога излегла и ако има некој информација да се јави

Обв – како одеа децата вообичаено на училиште?

– Вообичаено одеа заедно, имаше ситуации кога Вања и требаше повеќе време да се спреми, па помалата не можеа да ја почека и излегуваше 2-3 мин порано, меѓутоа вообичаено одеа заедно.

Обв – која беше причината што беше сама во петок?

– Класната раководителка на помалата ќерка беше болна, и претходниот понеделник немаа час, а во недела им пиша и на децата и на родителите дека децата ќе почнуваат од втор час.

обв- кога дознавте за таа порака дека нема да биде на час?

– вечерта

обв – александар знаеше?

– Од мене не, но децата го известиле

обв – вообичаено ли е класната да ве извести дека детето не е на училиште?

– Да. Јас вечерта се слушнав со класната бидејќи Вања имаше изгубено учебник, го позајмила, некој не и го вратил и ја замолив класната на класен час да разговараат за тоа оти вторпат се случува и класната ја очекуваше Вања да дојде на прв час, затоа ме алармираше веднаш кога не се појави. Вообичаено е да известува да.

Обвинителството запраша, кога почнувате да ја барате Вања, кој се е вклучен?

– Моите роднини, колеги, секако дојде и полицијата и првиот ден се прегледуваа камерите што луѓето сами почнаа да нудат кај што имаат камери да одиме да видиме. Родителите од одделението на Вања и децата се понудија за помош, децата печатеа слики со флаери, имаше флаери со ликот на Вања низ цел Буњаковец. Родителите прегледуваа камери, колегите, роднините. Вања не ја забележавме на тие камери.

Обвинителот запраша ги прашувавте сопствениците на видео-камерите доброволно да ви овозможат да ги видите?

– Да, имаше таму менувачница, фризерница и кај песталоци има бурекџилница, тие камери се насоќени кон тротоарот, но ја немаше на ниедна камера, познати луѓе и од хотелот тука доброволно рекоа дојдете видете. Се јавуваа луѓе имам јас на куќата камера дојдете проверете, на Партизанска исто неколку фирми и продавници се понудија, на УСБ ни ги даваа да ги гледаме. Полицијата дојде со неколку снимки исто.

Обвинителството запраша продолживте дома во вашиот стан со најблиските?

– Да, анализиравме, одевме во полциија, ништо не беше јасно, на мојот компјутер снимките ги гледавме, Сашко седеше на компјутерот ги гледаше снимките, дојдоа моите роднини, јас бев окупирана со телефонските повици на секои две минути ми ѕвоена луѓе, дел кажуваа дека виделе нешто, да прашаат што се случува, новинари и тоа беше хаотичен период.

Обвинителството запарша во прегледувањето на камерите ви помагаше ли некој друг?

Сашко ги гледаше камерите, не знам дали дента или другиот ден се појави Гоце, Трајковски се презива не знам дојдоа да ги гледаат камерите, од време на време ќе не викена за совет ама тој беше на камерите.

Обвинителот запраша со Гоце се познавате?

– Јас лично не, но знам кој е, имаме кумство со неговата фамилија, но имав слушнато за него.

Обвинителствто запраша како помагаше гоце околу камерите?

– Не знам они беа во собата. Не знам дали носеше други камери. Имал пријатели во полицијата, ги знае инспекторите, тоа се дискутираше и му помагаше околу снимките.

Заедно со Александар ги гледаа снимките, разговараа со инспектори…

Обвинителствто прашува- ви предложија ли некој поспецифичен момент на камерите дали забележале?

– Не знам кој ден беше имаше снимка на која се гледа возило кое стои баш во тој период 7.15-20 и надвор стои човек со телефон посматра, не, немаше возило стои сам, и после 5-6 мин застанува возило, тој влегува и заминута и теоријата беше дека ова е извидница гледаат дали има некој додека го грабаат детето, јас реков не е тоа ќерка на Кенеди некој да ја киднапира, што имаме ние некој да ни бара. Снимката од каде беше не знам.

Обвинителството запраша – каков беше односот на Александар спрема децата и Вас?

– Александар се грижеше за децата, повремено беше импулсивен и знаеја за тоа да му замерат, јас многу не разговарав со него, немаше за што да разговарам освен за децата. Јас не се мешав во неговите, тој не се мешаше во моите работи, некога знаеше да изреагира на начина на кој децата му замеруваа меѓутоа се гружеше за нив, знаеше но и да викне по нив но знаеја и да му замерат.

Обвинителството прашува – имаше ли александар клуч од станот?

– Да, имаше, јас инсиситурав да го задржи клучот, таа врата е патент-брава и ако се затвориме нема од каде да отидат да земат клуч, тоа еднаш се случи излегле без клучеви и доаѓаше тој да им отвори јас бев на работа.

Обвинителството прашува – Велите дека бевте заедно со Александар и после тоа? Кој се грижеше воглавно околу финансиите за децата?

– Додека бевме заедно се гружев воглавно јас, кога се разведовме работеше и тој и двајцата се грижевме. Не барав алиментација, немаше зошто, купуваше за децата додека не остана без работа. Тоа беше не сум сигурна ама околу март 2023 лани.

обв – додека бевте во брак александар работеше некаде?

– Не, во моментот кога се роди втората ќерка престана да работи и не работеше додека не се разделивме.

обв – Се случи ли нешто поспецифично додека бевте дома, трагаа надлежните органи?

– Александар беше смирен, потпиштен, повлечен, тажен и не беше избувлив како што обично знаеше да биде, ако нешто се случи обично знаеше да викне по мене. Јас очекував да праша што направи, да ми се скара, но не се случи тоа.

обв – александар некогаш посериозно се скарал со Вања?

– Да, се има скарано и со Вања и со малата, но Вања некаде од второто полугодие 2023 се скара со мене, сакаше да оди таму и отиде живееше со татко и два месеци, не знам што се случило се скара и со татко и таму. Јас кажав да си го разеши проблемот со татко и, последниот пат кога се скара плачеше да одам да ја земам, не разговараше со него 2-3 месеци, Јас инсистирав, јави се, немој, не сакаше воопшто да разговара, па спласна лутината и се врати во нормала.

обв – кога го известувате Александар дека ја нема Вања, Александар ве праша каде е Миња?

– Не можам да се сетам дали ме праша или јас сама реков дека Миња е дома. Јас отидов ја земав Миња, таму дојдоа колегите, гледаа камери во близина, на враќање пешки Миња плачеше дека сестра и ја нема, отидовме дома, таа сакаше да го види компјутерот да не нешто напишала со некого, нешто да не има, виде дека нема па сакаше да одиме на лице место таму, отидовме таму и не се сеќавам во кој момент, колешката дојде, полиција дојде, сестра му на Сашко дојде и имаше многу народ. Полицијата прво мислеше дека е избегана, ја прашуваа помалата ќерка, аа не знаеше ништо.

обв – ви испрати ли александар некаква порака на 26.11?

– Имало порака, но јас пораката ја видов дури откако полицијата ми посочи. Често знаеше така доцна да пише, а мене телефонот веќе после 9-10 ми е празен, јас го оставм да се полни и се спремам за следниот ден. Пораката ја видов другиот ден, принтскирн дека и пишал да се облече топло оти утре ќе биде ладно. Јас тоа не го видов, отпосле го видов и да сум ја видела не би ме изненадило до толку, често знаеше да соли памет како треба детето да се пушти на училиште, да не биде гола итн.

обв – практикуваше ли александар да ги носи на училиште?

– Јас ги носев на училиште, тој не практикуваше освен ако не беа кај него, а од 2019 не одеа кај него на спиење, а Вања додека беше кај него одеше пешки на училиште.

обв – вие се што знаевте ги известувавте надлежните органи, александар во тој период како се однесува?

– Беше фокусиран на камерите, повлечен, мирен, тажен, јас комуницирав со едни инспектори, тој со друго. Јас и александар и претходно не сме имале, не можам да кажам лош однос, но не ги споредувавме белешките, не му ни обраќав нимание, не ми беше примерен, за да навлезам во детали од неговото однесување.

обв – кога ве известија за смртта?

– Во недела, трети декемви, ме повикаа во полициска станица со Александар. Отидовме заедно, не одвоија, ми кажаа дека е пронајдена мртва… Ме однесоа да ја идентификувам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.