Свински гулаш со печурки

Потребни состојки:
600 г свинско месо
2 лажици масло
Бибер
2 главици кромид
2 моркови
3 домати
1 жолта пиперка
1 лажица брашно
1 лажица сенф
1 голем компир
500 г шампињони
100 мл неутрална павлака
4 лажици полномасен јогурт
Сол и бибер


Начин на подготовка:
Пропржете го месото и извадете го во чинија. Во истата тава испржете го кромидот, морковите, пиперката и доматите. Додајте вода, зачини, сенф и динстајте околу 10 минути. Додајте го месото и динстајте уште 50 минути. Излупете го компирот и исечкајте го на коцки. Додајте го компирот и печурките во месото и оставете го на оган уште 10 минути.
Разматете го брашното со павлака, измешајте го гулашот и оставете го да се довари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.